X
 16.02.2024 Живот

Прекрасен предел во Виетнам го добил името по руски космонаут

Плажата Ти-Топ, светско наследство на УНЕСКО од 1994 година, се наоѓа во заливот Ха Лонг во Виетнам. 

Австралискиот магазин „Лоунли планет“ ја прогласи за една од 100. најдобри плажи во светот. 
Таа е единствениот претставник од Виетнам кој се најде на листата, која опфаќа вкупно 14 претставници од Азија – песочната плажа „Бела (Вајт)“, на Малдивите, „Розевата (Пинк)“ плажа во Индонезија, плажата „Пацифико“ на Филипините, „Хат Там Франанг“ и „Тајната плажа (Сикрет бич)“ во Тајланд, се некои од нив .

Островот, кој е именуван по рускиот космонаут Герман Титов, по неговата прва посета на заливот Ха Лонг во 1962 година, е познат по својата прекрасна бела песочна плажа, која е совршено место за одмор и уживање на сонцето. Водата околу островот е кристално чиста и идеална за пливање, нуркање и други водени активности.

Во средината на островот се наоѓа мала патека која води до врвот „Ти-Топ“, со повеќе од 400 камени скали. Колку подалеку одите, толку повисоки и поостри стануваат камените скали. Потребни се околу 20 минути за да се искачите на врвот, но ќе бидете наградени со прекрасниот поглед на заливот Ха Лонг.

Освен уживањето на плажата и истражувањето на гледиштето, посетителите можат да уживаат и во разни други активности, како што се кајакарење и пловење околу околните острови. Островот нуди и неколку ресторани, каде што посетителите можат да пробаат локални специјалитети, особено свежа морска храна која е незаменлив дел од секое патување до заливот Ха Лонг.

Островот Ти-Топ е пример за тоа како природната убавина и културното и историското наследство  можат да создадат уникатно туристичко искуство што привлекува луѓе од целиот свет. Без разлика дали барате место за одмор, авантура или едноставно сакате да се восхитувате на природната убавина, Tи-Toп нуди нешто за секој посетител.

@marlousbrinkman 📍Halong Bay, Vietnam #halongbay #halongbaycruise #travelvietnam #catba #travel ♬ original sound - Exploring Italy 🇮🇹

Извор: 24sedam.rs 

Фото: Pexels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот