X
 20.04.2020 Живот

Кабини од плексиглас на плажите во Италија летово?

Како што се приближува летото, Италијанците, кои уште се во изолација, почнуваат да размислуваат за лето и плажа и се прашуваат до кој степен коронавирусот и изолацијата ќе влијаат врз сезоната.

Ако ограничувањата се укинат во текот на летото, дали ќе им биде дозволено на луѓето да одат на плажа, и ако е така, како ќе изгледа таа нова реалност?

Компанија во близина на Модена, во северниот регион Емилија-Ромања во Италија, подготви план што ги шокира луѓето кои сакаат да се вратат во нормалноста на летното патување.

Компанијата „Нуова Неон Груп Дуе“, која создава плексиглас-екрани за употреба во аптеките и банките, реши да тестира како луѓето ќе реагираат на нејзиниот предлог - кабини од плексиглас на плажите.

Овие транспарентни кабини ќе бидат изградени со користење на 2-метарски високи ѕидови направени од плексиглас. Кабините ќе бидат отворени горе.

italija
Фото: La Repubblica

Но, предлогот е одбиен од здружението на спасувачи „Емилија Ромања“ и сопствениците на клубовите на плажите.

Мауро Вани, претседател на кооперативата на спасувачи, вели дека оваа идеја нема да му се допадне никому.

- Сакам да видам кој би се затворил помеѓу четири ѕида од плексиглас, под жешкото сонце. Нашите клиенти ќе умрат од дехидрација. Секој што доаѓа на море сака да престојува на отворено, а не во нешто што изгледа како кокошарник - речи тој.

Извор: Wantedinmilan.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот