X
 16.03.2017 Живот

Како да се разликува нормален страв од анксиозно нарушување кај децата?

Стравот се вбројува во основните човечки чувства и не спречува да се изложуваме на опасности кои можат да ни го загрозат животот. Заради тоа, сам по себе стравот и не е негативна појава, туку одбранбен механизам.

Како таков, стравот е дел од и од детскиот развој, па детето кога се плаши од нешто, бара утеха од блиските лица. Родителите можат да му помогнат на детето да се справи со стравот на правилен начин или пак дополнително да му го зголемат доколку се постават лошо.

Ова се развојните фази на стравот:

•    0-6 месеци  –  дразби како силни звуци или зраци на светлост предизвикуваат страв кај бебињата
•    6-9 месеци – страв од непознато
•    9-24 месеци – стравови од раздвојување и повреди
•    2 години – страв од имагинарни суштества
•    3 години – страв од животни, страв од напуштање
•    4 години – страв од мрак
•    Училишна возраст – стравови од училишни предизвици, болести, природни непогоди, непријатни општествени ситуации
•    Пубертет – егзистенцијални стравови и стравови врзани за сексуалноста

Не е секој страв добар. Нормалниот детски страв во некои случаи може да премине во патолошки. Како да се направи разлика?

Основни одлики на анксиозно нарушување се фрустрации и отежнато решавање на развојните задачи. Критериумите по кои се препознаваат интензивните стравови се следните:

•    Нереални се
•    Траат најмалку 4 недели
•    Доведуваат до јасни нарушување
•    Штетат на развојот на детето
•    Важно е да се препознаат симптомите навреме, заради подоцнешни штети

Детето покажува претерано силен страв и од најкратко раздвојување од своите родители и други блиски лица. Често пати од главоболки, мачнина и болки во стомакот. 

Потоа се појавуваат и фобии. Најчесто детето се плаши од одредена просторија, поголема група на луѓе, некои животни, мрак, непознати луѓе. Фобиите се проследени со силно чукање на срцето, потење, треперење, болка во стомакот, па детето почнува да ги избегнува местата каде што ги добива фобиите.
Детето е претерано загрижено за својата животна ситуација, без причина и не може да ја контролира својата состојба. Постојано копнее по позитивни коментари и признанија. Нервозно е, напнато и лошо спие.

За правилно да се протолкуваат патолошките стравови, родителите кои ќе ги забележат анксиозните нарушувања кај своето дете треба да се упатат на лекар, психолог или психотерапевт. Најважно е според експертите, родителите да бидат потполно вклучени во терапевсткиот процес.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот