X
 16.03.2019 Економија

Инфлацијата во Венецуела надмина 2 милиона отсто

Инфлацијата во Венецуела во февруари беше 53,7 отсто на месечно ниво, па стапката на инфлација во текот на минатата година се искачи на 2.295.981 отсто, стои во парламентарниот извештај во кој се најавуваат најлоши статистики за март.

Порастот на цените забележа благо забавување по скокот од 191,6 отсто во јануари, но пратеникот Хозе Гера од финансискиот одбор на Народното собрание оценува дека март ќе донесе ново забрзување поради дефектот на електромрежата кој на 7 март ја погоди земјата и го парализира стопанството.

Поради затворањето на банките и недостигот од боливари во оптек за плаќање производи, мнозинството трансакции се извршуваат во долари, што придонесува за пад на вредноста на локалната валута. Највредната банкнота е 500 боливари, а еден литар млеко чини речиси 10.000, додека едно пиле е од 10.000 до 12.000 боливари.

Владата на Николас Мадуро во август минатата година започна програма на реформи за запирање на кризата и прогласи девалвација на домашната валута од 96 отсто. Оттогаш вредноста на валутата падна за уште 98 отсто, па ММФ предвиде инфлација од 10.000.000 отсто на годишно ниво.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија