Андреас Куле, сопственик на ресторанот „Рејсерс“ во Австрија, со месеци не може да најде работници и затоа мора да помага во миењето садови.
Ресторанот работи веќе 15 години, но оваа година дел од ресторанот мора да биде затворен поради недостиг на кадар. Куле барал работници преку „Фејсбук“, „Инстаграм“, на огласи, па дури и од други држави, како Словенија.
- Никој не се пријавува - изјавил Куле.
Поради мерките за време на пандемијата, многу работници од угостителството се вработиле во други индустрии и стравот од повторно затворање е голем. Се проценува дека во елитното угостителство и хотелиерство во Германија недостигаат речиси 1.600 работници.
Фото: Pixabay
Семејството Тифенбахер, исто така, се соочува со недостиг на работници. Тие се сопственици на хотелот „Натурел“.
- Се приспособуваме на работниците. Може да работат два, три, четири дена во неделата, или дури шест дена. Четири часа дневно или девет часа. Како сакате - изјавила Александра Тифенбахер.
Особено се бараат помошници готвачи бидејќи речиси воопшто нема вакви кандидати на огласите, според неа. Семејството нуди и бесплатна поддршка за бебиња и деца, како и бесплатно сместување со храна, дури и во слободните денови.
Извор:
Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay