X
 19.03.2019 Образование

Кина ќе ја зголемува финансиската писменост меѓу младината

Министерството за образование ќе работи со регулаторот на хартии од вредност на земјата за да ја зголеми финансиската писменост меѓу кинеската младина.

Кинеските учебници за основно образование наскоро може да вклучат дефиниции за термини како „сооднос цена до заработка“ или „купување и задржување“. Ова е дел од кампањата на оваа земја за подобрување на свеста кога станува збор за инвестициите.

Министерството за образование на Кина и регулаторите за хартии од вредност велат дека ќе работат заедно за зголемување на финансиската писменост меѓу кинеската младина. Официјалните лица изјавија дека кампањата за подобрување на разбирањето на пазарите за хартии од вредност и идните пазари ќе почне со учебниците за основно и за средно образование.

1
Фото: China Stringer Network/Reuters

Како што велат властите, тие со години се обидувале да ја подобрат финансиската писменост со оглед на тоа што пензионерите или помалку вештите инвеститори ги изгубија своите заштеди поради ризичните шеми или измами.

Наспроти забавувањето на кинеската економија, уште поважно е одржувањето на штедењето на граѓаните. Во текот на минатата година илјадници Кинези изгубиле пари во шемите за позајмување и во други онлајн-измами.

- Ова има големо значење за одржување на социјалната хармонија и стабилност - изјави Гао Ли, портпарол на комисијата за хартии од вредност.

На ационерскиот пазар во Кина, честопати опишан како казино што има мала поврзаност со реалната економија, доминираат мали инвеститори кои се фокусираат на брзи враќања и онлајн-совети за трговија, шпекулации и во некои случаи суеверие.

Технолошките компании претставија апликации за финансиска писменост за деца, додека училиштата во Шангај, Гуангжу и Шенжен воведоа сродни лекции. Во 2014 година учениците во Шангај добиле повисока оценка од која било друга земја на тестот за финансиска писменост спроведен од ОЕЦД.

Соопштението во петокот ја означи една од првите национални кампањи. Официјалните претставници велат дека ќе се фокусираат и на подобрување на финансиската писменост на наставниците, а ги охрабруваат универзитетите да нудат сродни насоки и да пронајдат други иновативни начини за подобрување на разбирањето на пазарите, како што се практиканството или виртуелното тргување. Регулаторното тело за хартии од вредност изјави дека и тоа ќе нуди свои курсеви и предавања.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование