X
 16.04.2020 Култура

Како изгледа животот во туристичка атракција за време на пандемијата?

Ана Виладомиу живее во „Ла Педрера“, модернистичкото ремек-дело на Гауди. Во обичен ден низ нејзиниот дом порано минувале над 3.000 туристи, но бидејќи во Шпанија се воведени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот кои забрануваат непотребно излегување од домот, Ана сега живее сама во една од најпознатите туристички атракции во Барселона.


Ана живее во „Ла Педрера“ над 30 години. Зградата била изградена пред повеќе од еден век, а ја дизајнирал познатиот архитект Антони Гауди. Речиси сите станари во зградата се отселиле во последните децении и биле заменети од многубројните туристи.

Зградата е заштитена од УНЕСКО. Посетите се забранети во моментов, а Ана живее во неа речиси сама. Во зградата има уште двајца станари што живеат во дел кој е одвоен од оној во кој живее Ана. Станарката живее на четвртиот кат од зградата која ја посетиле 1,3 милион луѓе изминатата година.



Зборувајќи за последните недели, Ана открива дека она што ја изненадило најмногу е тишината.

- Никогаш не се чувствував сама откако живеам тука, оваа зграда постојано е полна. Сега нема никој - вели таа.

Автор: Ашифа Касам
Извор: theguardian.com
Фото: Instagram 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура