Министерството за здравство информира дека резултатите на 7. пациенти што претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус.
Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигна преку Центарот за јавно здравје во Штип.
Тестот на пациентот од Кочани е негативен, но поради типичните симптоми на вирусот, се повторува. Министерството за здравство ќе информира за резултатот.
Најнова информација: Министерството за здравство информира дека вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип е негативен на коронавирусот.