X
 16.04.2020 Живот

Веб-страница што ви помага да се чувствувате како во канцеларија

Пред повеќето од луѓето да почнат да работат од дома, вообичаено беше да се видат вработени со слушалки на ушите во канцелариите. Понекогаш тие се користат за елиминирање на вревата од колегите што зборуваат, а понекогаш само за слушање музика во текот на работата. Но, за оние на кои во моментов им недостига оваа канцелариска врева постои алатката „Ај мис ди офис“.


Фото: Pixabay

Станува збор за „генератор на канцелариска врева“ кој создава звуци кои обично се слушаат во канцеларија. Тука се звуците на печатач, столчиња и зборување во заднина. Корисникот може да ја контролира вревата на веб-страницата, која претпоставува дека ја делите канцеларијата со пет колеги. Дополнително може да се додаваат или отстрануваат одредени звуци во „канцеларијата“.


Секако, ова не се смирувачки звуци кои би ги слушале цел ден, па веројатно би ја користеле веб-страницата само повремено. Но, сепак е интересен експеримент и потсетник на времето пред пандемијата.

Автор: Лили Смит
Извор: fastcompany.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот