X
 11.04.2016 Живот

Во кои индустрии се бараат најмногу фриленсери?

Како што хонорарците стануваат сè побројни, сè повеќе индустрии нудат можности за ваква работа. Речиси 54 милиони луѓе само во САД веќе работат на овој начин - хонорарно, односно како „фриленсери“. Се смета дека до 2020 година, 40% од американската работна сила ќе биде составена од фриленсери, хонорарци и привремени работници.


Истражувајќи ја моменталната состојба на оваа економија, „Flex jobs“, онлајн-место кое ги поврзува фриленсерите и работодавците, следеле 50 индустрии кои вработуваат фриленсери од 1 декември 2015 до 1 март 2016. Тие откриле дека индустрија која има најголема потреба од фриленсери е компјутерската и ИТ-индустријата, по што следува административната, па сметководството и финансиите.


Најдобрите десет индустрии за фриленсинг се:

1. Компјутерска и ИТ
2. Административна
3. Сметководство и финансии
4. Услуги на клиенти
5. Софтвер девелопмент
6. Медицина и здравје
7. Проектно менаџирање
8. Истражувачка анализа
9. Пишување
10. Образование и тренинг.

Бри Рејнолдс, одговорен за онлајн-содржини на „Flex jobs“ изјавува дека компјутерската и софтверска индустрија продолжува да расте, со оглед на тоа што овие категории забележале најголем раст оваа година, но биле во најдобрите десет секоја година.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот