Оаза во пустината Атакама во Чиле можеби некогаш служела како центар за трговија со живи папагали.
Анализата на остатоците од цели птици и пердуви пронајдени на археолошки локалитет во Пика, Чиле, и на други места во пустината Атакама открила дека луѓето што живееле таму транспортирале живи птици на растојание од над 500 километри. Се чини дека тоа биле светкави пердуви на разнобојни птици донесени во пустина на која не ѝ припаѓале, но им било судено таму да бидат продадени и закопани.
- Она што го сметаме за прифатлива интеракција со животните под наша грижа тогаш било различно толкувано и оценето - вели антрополошкиот археолог Хозе Каприлес од Универзитетот во Пенсилванија.
- Некои од овие птици немале среќен живот. Ги чувале заради пердувите, а пердувите им биле вадени веднаш штом ќе им пораснеле - вели тој.
Истражувањето проучувало најмалку шест вида
папагали што првично биле најдени на пет археолошки места во пустината, а остатоците се различно датирани, помеѓу 1100 и 1450 година.
Фото: Calogero Santoro, Universidad de Tarapacá, and José Capriles, Penn State
- На Андите, произведената облека и текстил што содржел шарени пердуви од тропски папагали претставувале моќ и престиж, а особено биле ценети од политичките и верските елити - вели Каприлес.
Живописните птици веројатно живееле бедно во заробеништво, далеку од амазонските дождовни шуми што некогаш биле нивни дом.
Понекогаш им биле вадени пердувите на друго место и биле носени на Андите во специјални контејнери, но остатоците од 27 папагали анализирани таму покажуваат дека многу други птици биле однесени во пустината поради нивните шарени пердуви.
Извор:
Newscientist.com
Фото:
Wikipedia