X
 16.05.2022 Живот

Шефот го нарекол ќелав, трибунал пресудил дека тоа е сексуално вознемирување

Нарекувањето некого ќелав е сексуално вознемирување, пресуди трибунал во Велика Британија. Тоа ги повредува човековите права и е како коментирање на големината на градите кај жените, стои во пресудата.

Панелот, составен од тројца ќелави мажи, истакна дека ќелавоста по природа е поврзана со полот затоа што е многу поверојатно мажите да ја загубат косата, за разлика од жените. Одлуката би можела да ги отвори портите за барања за исплати за дискриминација поради ќелавоста.

Пресудата беше донесена во случајот на Тони Фин, кој бил во спор со неговиот шеф Џејми Кинг, кој го нарекувал „ќелав“. Фин истакнал дека коментарот бил вознемирување според Законот за еднаквост од 2010 година затоа што го таргетирал неговиот пол.

- Има поврзаност помеѓу зборот ќелав, од една страна, и заштитената карактеристика на полот, од друга страна. Жените, исто како и мажите, може да бидат ќелави. Сепак, како што сите тројца членови на трибуналот ќе се согласат, ќелавоста е многу почеста кај мажите отколку кај жените. Сметаме дека по природа е поврзана со полот - истакнаа од трибуналот.

Тие се повикаа и на друг случај во кој менаџер ѝ ги искоментирал градите на вработена.

Фин бил отпуштен по 24 години работа во компанијата. Тој ќе добие компензација, за која допрва треба да се одлучи.

Извор: The Sun
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот