Научници од Институтот „Сенфорд Брнам Прибис“ во Калифорнија успеале со користење матични клетки да одгледаат неограничена количина на природна коса. Резултатите од откритието се споделени на конференцијата на Меѓународното друштво за истражување на матичните клетки, одржана во Лос Анџелес.
За овие резултати научниците добиле награда за заслуги, а компанијата „Стемсон Терапеутикс“ им ја лиценцирала технологијата. На научниците им успеало со пресадување човечки матични клетки да создадат фоликули на коса кај глувци. Сега се надеваат дека ќе успеат да го повторат истиот процес кај луѓето.
- Сега имаме робусна, висококонтролирана метода за создавање коса со природен изглед која расте на кожата. Тоа е клучно нешто во развојот на терапијата кај губитокот на коса и на подрачјето на регенеративната медицина. Процесот е различен од другите по регенерацијата на фоликулите бидејќи е осигуран неограничен број на клетки. На овој начин ќе успееме да го подобриме животот на милиони луѓе што бараат решение за губитокот на коса. Клетките што ги користиме доаѓаат од крвта на самиот пациент и имунолошкиот систем најверојатно ќе ги прифати - истакна пластичниот хирург Ричард Чафу, кој работи како советник во
компанијата.