X
 11.10.2018 Здравје

Здравствени тегоби за кои не сте знаеле дека се наследни

Имате сини очи како вашата баба и кафеава боја на косата како татко ви? Баш како што се вели, крушата под круша паѓа.

Одредени карактеристики, а особено оние што се видливи, лесно можеме да ги препознаеме и да им ги припишеме на гените, додека некои, не толку очигледни, лесно може да ни избегаат.

Ова се некои здравствени состојби, кои, верувале или не, можете да ги наследите.

1. Висок холестерол

За оваа состојба често ја обвинуваме нездравата храна, но во некои случаи високиот холестерол се појавува поради генетиката. Околу едно од 500 лица има генска мутација која резултира со состојба што се нарекува хиперхолестеролемија, што значи дека е во групата со оние што можат млади да доживеат инфаркт или мозочен удар. За жал, тие можат да ги преземат сите мерки на превенција, но поради наследните фактори, не можат да влијаат врз својата состојба.

2. Рак на дојка од таткото

Кога мислите на историјата на оваа болест во вашата фамилија, веројатно се фокусирате на женската линија. Мутацијата на генот BRCA1 или на BRCA2 ги зголемува шансите за заболување, наследени од кој било родител. Мажите, носители на генот, ретко заболуваат од рак на дојка, но можат да ја пренесат мутацијата на генот на ќерката, која тогаш има зголемен ризик за заболување.

3. Ќелавост од мајката

Верувале или не, еден ген кој игра голема улога кога станува збор за ќелавоста се наоѓа во хромозомот кој се наследува од мајката. Но, пред да ја обвините мајка ви, знајте дека тоа не е единствениот ген што одредува дали ќе бидете ќелави или не.

4. Интолеранција на лактоза

Истражувањата покажуваат дека степенот на нетолеранција на лактоза во голема мера ќе зависи од генетиката, а треба да се напомене и дека околу 65 отсто од возрасните се чувствителни на лактоза. Исто така, интересен е и фактот дека одредени истражувања потврдиле дека со годините ја губиме способноста за варење на мелечните шеќери.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје