X
 16.12.2018 Живот

Студенти по стоматологија од Сараево бесплатно им вадат заби на граѓани кои не се во можност да платат

На жителите на Сараево, Босна и Херцеговина, на кои им се потребни стоматолошки услуги, а не се во можност да ги платат, на располагање им се студентите од тамошниот Стоматолошки факултет, кои на вежбите бесплатно вадат заби.

Една група студенти велат дека дневно во просек вадат околу 15 заби, а дека пациентите се на различна возраст, како постари, така и луѓе меѓу 30 и 40 години.

-Главно, тоа се жени на кои забите им се расипале за време на бременоста, но ни доаѓаат и средовечни мажи, а и пензионери. Нашите пациенти најчесто се со скромен материјален статус, а за вадење на заби кај нас не треба ни заверена книшка - велат студентите и додаваат дека досега не се соочиле со забелешки на нивната работа.

Напротив, тие имаат полни раце работа.

-Пациентите велат дека имаме лесна рака, а вадењето на забите го вршиме под анестезија и во присуство на нашите професори. Луѓето за нашите услуги се информираат преку социјалните мрежи и огласите кои ги поставуваме низ градот. Заинтересираноста е голема, така што некогаш мораат да чекаат слободен термин - велат идните стоматолози.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот