Аргентина направи историски чекор откако и покрај противењето на Католичката црква, долниот дом на Парламентот го усвои нацрт-законот за легализација на абортусот во првите четиринаесет недели од бременоста.
По 22 часа расправа, за законот гласаа 129 пратеници, додека 125 беа против.
Папата повика да не се усвојува законот
Гласањето е историски важно за Аргентина, земја во која Католичката црква ја впрегна сета своја сила за да не помине нацрт-законот. Бискупите се мобилизираа да ги убедат пратениците да не гласаат за законот, дури и се закануваа со исфрлање од Црквата.
Абортусот во Аргентина досега беше возможен само во случај на силување или во случај на опасност по здравјето на мајката. Папата Франциско во писмо ги повика Аргентинците да не го прифаќаат законот за абортус.
Фото: Telegram
Радиканите велат дека се работи за убивање
-Апсурдно е и неправедно да се прифати закон со кој се одобрува убиство на човечки суштества кои треба да се почитуваат од моментот на зачнување - изјави Луис Пастор, член на Радикалната граѓанска
унија.