Paso Internacional Los Libertadores, кој исто така се нарекува Кристо Редентор, е планински премин во Андите меѓу Аргентина и Чиле.
Тоа е главна сообраќајна маршрута која го поврзува главниот град на Чиле, Сантијаго, со градот Мендоза во Аргентина и има прилично густ сообраќај. Со 29 остри кривини на многу остра падина, овој пат воедно е и еден од најпредизвикувачките за возење.
Патот почнува на страната на Чиле, 70 километри северно од Сантијаго. Превоите започнуваат веднаш потоа. Првите 20 кривини се протегаат на повеќе од 4 километри, со промена на надморската висина од 2.275 на 2.550 метри. Потоа патот полека се искачува во должина од 2 километра до надморска висина од 2.650 метри.
Следните 9 кривини водат до висина од 2.800 метри, на оддалеченост од 2,5 километра. Тогаш остануваат уште околу 5 километри до чилеанскиот граничен премин и потоа уште 2 километра до почетокот на стариот пат кој води до врвот.
Неколку километри подалеку од чилеанскиот граничен премин, на надморска висина од 3.175 метри, се наоѓа тунел кој води до Аргентина.
Насловна фотографија: Wikipedia