X
 03.07.2016 Живот

Зоолошка градина во Аргентина ги пушта животните на слобода

зоолошка

 

Повеќе од стотина животни ќе бидат пуштени на слобода откако Буенос Аирес ќе ја затвори зоолошката градина Палермо стара 140 години.


Меѓу првите животни кои ќе ја напуштат зоолошката ќе бидат птиците грабливци како што се бувовите, кои ќе бидат префрлени во резерватот по должината на брегот на Рио де ла Плата, јужно од главниот град на Аргентина.

Другите животни ќе бидат распределени во резерватите во Аргентина и странство, бидејќи нивниот дом ќе биде претворен во парк.

Некои животни ќе мораат да останат во заробеништво бидејќи се или стари или болни, вклучувајќи и мало лавче со хипотироидизам како и мравојад и леопард поради старост.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот