Откривањето редок, скап, син пигмент во забна плоча на скелет од средновековна жена фрла светлина врз скриено поглавје од историјата, укажува најново истражување.
Истражувачите ги проучувале погребните останки од средновековни гробишта поврзани со женски манастир во Германија, каде што веруваат дека постоела женска заедница уште во 10 век. Постојат само неколку записи за манастирот бидејќи повеќето биле уништени во оган по серија битки во текот на 14 век, а пишаните записи имаат датум до 1244 година.
Истражувачите проучувале скелет на жена која била на возраст помеѓу 45 и 60 години кога умрела, помеѓу 997 и 1162 година. Скелетот сам по себе бил незабележлив, без видливи знаци на инфекција или траума. Но, научниците пронашле сини траги вметнати во нејзините заби. Повеќекратните спектрографски анализи покажуваат дека синиот пигмент е ултрамарин, редок пигмент направен од скршени лапис лазули камења. Овој камен во тоа време бил скап колку златото, а бил ископан од регион во Авганистан.
Ултрамаринот и златниот лист се користеле за создавање илустрирани осветлени ракописи и луксузни книги во манастири, главно за други верски институции и за благородништвото. Само најквалификуваните уметници смееле да ги користат, поради нивната цена.
Не е изненадување тоа што откритието било направено во манастир во рурална Германија; во тоа време книгите биле произведувани во манастирите низ цела земја. Но, жените не биле илустратори на вакви ценети креации.
- Само книжевниците и сликарите со исклучителни вештини можеле да ги употребуваат овие материјали - вели Алисон Бич, коавтор и историчар на Државниот универзитет во Охајо.
Всушност, писателите и илустраторите често не ја потпишувале својата работа, како гест на понизност - и ако жените биле тие писатели и уметници, практиката ги отстранувала од историјата.
Истражувањето вели дека дури и книгите што се наоѓаат во библиотеките на женските манастири имале помалку од 15 отсто женски имиња во нив, а пред 12 век овој број паѓа на помалку 1 отсто.
Истражувачите размислувале за неколку сценарија за тоа како жената би можела да дојде во контакт со пигментот. Но, изгледало остварливо.
- Врз основа на дистрибуцијата на пигментот во нејзината уста, заклучивме дека најверојатното сценарио е дека самата сликала со пигментот и го лижела крајот од четката додека сликала - вели Моника Тромп, микробиоархеолог на Институтот за наука и човечка историја „Макс Планк“.
- Тука имаме директен доказ за една жена која не само што цртала туку и цртала со многу редок и скап пигмент - вели Кристина Варинер, антрополог на институтот „Макс Планк“.
- Тоа ме тера да се запрашам колку други уметници би можеле да
пронајдеме во средновековните гробишта - ако само побараме - додава таа.