X
 16.06.2020 Наука

Европскиот „Солар орбитер“ првпат помина покрај Сонцето

Леталото „Солар орбитер“, лансирано во февруари, првпат се приближи до Сонцето, поминувајќи на далечина од 77 милиони километри од него.

Леталото беше испратено со цел да се разбере динамичното однесување на Сонцето. Леталото сега се наоѓа помеѓу орбитите на Венера и Меркур.

Во следните години тоа повеќе ќе се приближи до Сонцето, а во некои периоди ќе биде на оддалеченост од 43 милиони километри од него. Само пет поранешни мисии стигнале поблиску во внатрешноста на Сончевиот Систем од „Солар орбитер“. Земјата кружи на околу 149 милиони километри од Сонцето.


Фото: ESA

Леталото „Солар орбитер“ беше испратено од Европската вселенска агенција, а беше изградено во Велика Британија од компанијата „Ербас“. На него се инсталирани 10 научни инструменти.

Следниот голем настан за леталото е поминувањето покрај Венера кон крајот на декември. Научната мисија на леталото треба да почне во 2021 кога сите 10 инструменти ќе почнат да прават редовни анализи од Сонцето.

Извор: Би-би-си
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука