X
 04.10.2018 Наука

Постои нов свет над Плутон наречен Гоблин

Додека барале докази за огромна планета што се наоѓала надвор од орбитата на Плутон, наречена планета Девет, астрономите откриле нешто изненадувачко: претходно неоткриена џуџеста планета. Планетата ја нарекле Гоблин, и овој мал свет може да ни помогне да ја откриеме тајната на многу поголемата планета Девет.

Што всушност е планетата Девет?

Во 2016 година астрономите поставиле хипотеза дека мора да постои свет со големина на Нептун далеку во Сончевиот Систем што ги вознемирува орбитите на блиските вселенски карпи. Овој свет го нарекоа планета Девет. Засега планетата Девет останува скриена, доколку воопшто постои.

Но, запомнете, вселената е големо место и може да бидат потребни години за пребарување и потврдување на постоењето на планетата Девет. Во меѓувреме, потрагата најде друг мал свет - 2015 TG387, но астрономите инспирирани од TG, ја нарекоа Гоблин.

1
Фото: Roberto Molar Candanosa and Scott Sheppard, Courtesy of Carnegie Institution for Science


Малиот свет е извонредно место. Орбитира околу Сонцето 80 пати подалеку од Земјата и потребни му се 40.000 години за да направи еден круг. Последниот пат кога Гоблин бил на овој пат околу Сонцето, на Земјата сѐ уште немало цивилизација, а камоли телескопи. Астрономите имале неверојатна среќа што го забележале овој свет пред неговата орбита да го испрати уште подалеку од Земјата, каде што би било уште потешко да се види.

Сѐ повеќе докази за планетата Девет

Зошто овој нов свет е важен за планетата Девет?

Астрономите направиле неколку симулации на Гоблин, претпоставувајќи дека и планетата со големина на Нептун е таму. Накратко, астрономите сметаат дека ако планетата Девет постои, таа веројатно го насочувала Гоблин по својата орбита. Всушност, гравитационото влијание на планета Девет би можело да држи многу далечни светови оддалечени од неа, со што би се избегнале шансите за непријатен судир.

2
Фото: Roberto Molar Candanosa and Scott Sheppard, Courtesy of Carnegie Institution for Science


Еве каде работите стануваат интригантни. Новооткриениот свет е далеку од нас, но не е сам во соседството. Постојат и други џуџести планети во таа зона наречени Седна и 2012 VP113. Овие мали светови патуваат во својата сопствена зона далеку од главната маса на нашиот Сончев Систем, каде што живеат сите планети (Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун). Орбитите на овие џуџести светови можат да бидат моќен аргумент дека планетата Девет е вистинска.

- Оваа орбитална ситуација ги прави џуџестите светови неизмерно интересни бидејќи можат да се користат како сонди за да се разбере што се случува на работ на на нашиот Сончев Систем - вели главниот автор Скот Шепард од Институтот за наука „Карнеги“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука