X
 07.11.2018 Наука

Меѓуѕвездениот објект може да е сонда од вонземјани - претпоставува „Харвард“

За мистериозниот објект во форма на пура забележан низ нашиот Сончев Систем минатата година се претпоставува дека е вселенско летало на вонземјани, испратено да ја испита Земјата, велат астрономите од Универзитетот „Харвард“.

Објектот, наречен „Оумуамуа“, што значи „гласник што достигнува од далечното минато“ на хавајски, бил откриен во октомври 2017 година од телескопот „Пан-СТАРРС 1“ на Хаваите.

objekt
Фото: ESO


Од неговото откритие научниците не можат да се согласат и да дадат заедничко објаснување за необичните карактеристики и потеклото. Некои од нив сметаат дека станува збор за комета, други за астероид, за на крај да заклучат дека го сметаат за прв објект од ваков вид: нова класа на „меѓуѕвездени објекти“.

Нов труд од истражувачите од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан ја зголемува можноста дека станува збор за објект од вештачко потекло.

- Објектот би можел да биде оперативна сонда испратена во близина на Земјата за да ја анализира - пишуваат астрономите во трудот.

Теоријата е базирана на екстра забрзувањето или неочекувано зголемување на брзината, како што патувал низ и на крајот излегол од нашиот Сончев Систем во јануари.

- Со оглед на вештачкото потекло, една можност е дека „Оумуамуа“ летал лесно, лебдејќи во меѓуѕвездениот простор како остатоци од напредна технолошка опрема - напишале авторите, сугерирајќи дека објектот би можел да се движи од сончевото зрачење.

- Објектите со слично патување и слични димензии се дизајнирани и изработени од нашата сопствена цивилизација, вклучувајќи ги и ИКАРОС-проектот и Старшот-иницијативата. Технологијата на лесно патување би можела да се користи за транспорт или карго помеѓу планетите или ѕвездите.

Во трудот, научниците теоретизираат дека брзината на објектот и неговата невообичаена траекторија би можеле да бидат резултат на тоа што не функционира повеќе.

Сепак, некои научници не се убедени во трудот.

- Не сум убеден и искрено мислам дека трудот има доста недостатоци - вели Алан Џексон од Центарот за планетарни науки на Универзитетот во Торонто.

- Карл Сејган еднаш рекол:„Извонредните тврдења бараат извонредни докази, а на овој труд јасно му недостигаат докази“ - вели Џексон.

- Секој функционален вселенски брод речиси сигурно ќе ја повлече сондата од меѓуѕвездениот простор за да спречи штета - додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука