X
 16.06.2020 Живот

И приватните болници ќе можат да лекуваат заразени од Ковид-19

Приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за заразната болест коронавирус Ковид-19.


Оваа одлука денеска ја донесе Владата на 69.седница и ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба.

Приватните болници ќе можат да ги хоспитализираат пациентите примени во установата кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на причинителот Sars-Cov-2 вирус за заразната болест Ковид-19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот