На Институтот за јавно здравје денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти од Ковид-19, информира Министерството за здравство. По градови тоа се: Скопје -19, Куманово -1, Штип -5, Прилеп -4, Тетово -1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2.
Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи, и тоа во: Скопје -11, Куманово -2, Струга -1, Велес -3, Кавадарци -2, Гостивар -2 и Неготино -1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две лица од Прилеп - пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката на 19 април и 63-годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ починале три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58-годишна возраст (двајцата хоспитализирани на 26 април) и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април. Пред два дена починала и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија, на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на Ковид-19 стигнал во текот на вчерашниот ден.
Вкупниот број на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.421, бројот на оздравени пациенти е 589, на починати е 71, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761. Последната дистрибуција по градови е следна:
- Скопје - 486
- Куманово - 378
- Дебар - 51
- Штип - 34
- Прилеп -143
- Тетово - 75
- Струга - 65
- Велес - 69
- Битола -19
- Охрид -15
- Кавадарци - 7
- Гостивар -17
- Гевгелија - 4
- Струмица - 2
- Крива Паланка - 5
- Радовиш - 4
- Крушево - 3
- Кочани - 28
- Пробиштип - 2
- Кичево - 2
- Неготино - 5
- Демир Хисар - 1
- Македонски Брод - 2
- Пехчево - 1
- Валандово - 1
- Виница - 2