X
 26.08.2021 Живот

Се скратува постапката за издавање патни исправи на Македонците што живеат во странство

Jа кратиме постапката за издавање граѓански патни исправи на нашите државјани што престојуваат надвор од државата, објави денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи.

- Министерството за внатрешни работи (МВР) и министерството за надворешни работи (МНР) инициравме и финализираме проект за инсталација на базни станици најпрво во 9 дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија во странство, со што овозможуваме прием на барањата за патни исправи во ДКП-та и нивно процесирање на дневна основа, со проверка на податоците во реално време - објасни тој.

Спасовски додаде дека досегашната постапка преку мобилни базни станици траела и по неколку месеци, наспроти можноста сега да бидат изготвени од страна на МВР за период не подолг од 15 дена и да бидат доставени до МНР за дистрибуција до нашите граѓани во странство.



Насловна фотографија: Фејсбук

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот