X
 09.02.2024 Живот

Иселениците со стар пасош по 12 февруари ќе можат да дојдат во Македонија со патен лист од 30 евра

Државјаните на Македонија што престојуваат во странска држава, а имаат стар пасош, по 12 февруари ќе можат да се вратат во земјава со патен лист, соопштија од македонската амбасада во Берлин.

Оттаму истакнуваат дека Македонците можат да поднесат барање за нов пасош и дека времето за издавање од денот на поднесување во просек изнесува 50-75 дена. Иселениците, пак, коментираат дека термини за сликање за пасош во македонските претставништва во Германија има дури во август или септември.

Спас за нив е единствено патниот лист, кој ќе ги чини 30 евра и кој ќе им послужи само за враќање до Македонија, каде што ќе можат да се сликаат за нов пасош.

- Доколку државјаните на Македонија што престојуваат во странска држава и до 12 февруари 2024 година сѐ уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање пасоши во РС Македонија, можат да се вратат во земјата со патен лист, кој се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата. Напоменуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име Република Македонија да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање патен лист: пасош, пополнето барање за издавање патен лист, две слики и конзуларна такса 30 евра - наведуваат од Амбасадата во Берлин.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот