Во Обединетото Кралство бил откриен нов вид диносаурус, наречен споносаурид од Вајт Рок, кој можеби бил најголемиот предатор што живеел на европскиот континент.
Новооткриениот диносаурус е од групата спиносауриди и се смета дека е резултат на вкрстување на диносаурус и голема бела ајкула, а можел да лови и на земја и во вода.
Тој имал и карактеристики на крокодил, а бил долг над 10 метри и тежел над 5 тони. Меѓутоа, овој диносаурус имал кратки раце, па ловел со големата уста.
Научниците стигнале до откритието по копање повеќе фосили на островот Вајт. Фосилите се стари 125 милиони години. Островот Вајт се нарекува остров на диносауруси бидејќи таму биле откриени повеќе коски од диносауруси отколку на кое било друго место во Европа.
Диносаурусот бил откриен од палеонтолози од Универзитетот во Саутхемптон.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија:
University of Southampton