X
 08.03.2015 Наука

Откриен фосил кој одново ја пишува целата човекова историја


Палеонтолозите кои работат во Етиопија пронашле долен дел од вилица со пет заби од непознат хоминид кој живеел пред 2,8 милиони години. Фосилот има комбинација од примитивни и модерни делови, што е причина за заклучокот на истражувачите дека тоа е најстариот примерок од човековиот род, односно најстариот познат предок на модерниот човек.

Откритието на се' уште неименуваниот хоминид го враќа назад појавувањето на човековиот род за приближно 400.000 години. Фосилот е доказ дека човекот првпат се појавил во источна Африка пред приближно 3 милиони години.


Фосилот бил пронајден во 2013 година. Таквите фосили се неверојатно ретки. Примероците од овој временски период не се зачувуваат добро.

На прес-конференцијата одржана изминатата недела, Вилиам Кимбел, палеоантрополог од државниот Универзитет во Аризона посочил дека не би било точно да се изјави дека овој примерок е најраниот човеков фосил кој бил откриен.

Овој вид не е директен предок на хомо сапиенсот, но истражувачите тврдат дека тој еволуирал во денешниот човек.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука