Колку се грижите за здравјето и физичката активност? Човекот е физичко суштество, но грижата за здравјето и телото често се запоставува или не е приоритет.
Ако сте убедени дека се храните или
вежбате правилно, а ги немате посакуваните резултати, размислете и за можноста дека многу информации се сосема погрешни. Сé се сведува на три столба на здравје и фитнес: вежбање, исхрана и стареење.
Вежбање
Физичката активност е еден од најочигледните, а често заобиколувани начини за одржување на здравјето. Таа не се практикува само за губење на тежина и тонирање на мускулите, туку помага и при ослободување на ендорфини, за подобро спиење и подобро расположение. Вежбите не мора да бидат тешки: доволно е да практикувате 10-15 минути различни вежби секое утро, отколку 3 дена неделно исцрпни вежби во теретана.
Исхрана
Вториот столб на здравјето и фитнесот е исхраната. Најголемите измами се случуваат токму во индустријата за храна. Маркетингот е сигурна алатка за потрошувачка на нов производ, кој не мора да е здрав само затоа што е нов. Затоа треба да практикувате да ја читате хранливата вредност на состојките во производите, а произведувачите се задолжени да ја истакнат на видливо место на пакувањето. Избегнувајте го шеќерот. Не мора да станува збор за слатки задоволства за производот да има многу шеќер. Кечапот е само еден од солените производи што го имаат во составот и тоа во поголема количина. Внимавајте и на комбинациите на храна што ги внесувате. Консултирајте нутриционист или информирајте се на друг начин кои комбинации се најпогодни за Вас.
Стареење
Науката вели дека животниот век се продолжува три месеци со секоја проживеана година. Но, ако тоа значи дека ќе живеете подолго, треба и да се подготвите за здрав долг живот. Стареењето е процес што не може да се врати назад и да се „подмладите“, но може да се забави. Ако порано започнете со здрави животни навики, повеќе ќе го забавите стареењето, но ако почнете да ги применувате истите на 40-годишна возраст, од тогаш ќе почне да Ви се забавува и процесот на стареење.