Додека вештите пливачи скокаат од високите карпи на Мртвото Mоре, на популарната плажа се капат деца под будното око на родителите кои уживаат во кафулето со поглед на природниот феномен - соленo езеро со подземен канал поврзано со отвореното море, преку кој повремено, на општо чудо, се појавува и понекој нуркач.
Локрум, прекрасниот остров кој го добил името според латинскиот назив за кисело овошје acrumen, навистина не е тешко да се засака поради прекрасните плажи, возбудливата историја, единствената природа и зеленилото. Како и пауните кои гордо шетаат и микроклимата, односно малку пониските температури отколку во Дубровник, од кој е оддалечен само десет минути со бротче.
Доколку сакате да уживате во погледот на овој феномен без туристите кои се собираат за да направат фотографија, најдобро е да дојдете што е можно порано. Ако доаѓате првпат на Локрум, за оваа глетка треба да вложите и малку труд – најпрво да го најдете местото каде што треба да се спуштите меѓу карпите, а потоа и да го најдете патот преку камењата во морето.
Фото: принтскрин/јутјуб