Има многу филмови за животни што зборуваат. Но нема многу филмови за мајмуни што зборуваат. Можеби тоа е така затоа што мајмуните ни се многу блиски. Од една страна, тие веќе се способни да изразат чувства, а од друга, самата помисла за мајмун што зборува е малку морничава. Но, за една група истражувачи идејата за тоа не била доволна. Тие сакале да дознаат колку морничави би биле мајмуните што зборуваат.
Научниците што ја направиле оваа студија не се обидувале само да ги симулираат најморничавите вокални способности. Некои животни досега се покажале како екстремно способни да го имитираат човековиот говор. Интересно е што мајмуните и другите примати никогаш не покажале способност да го имитираат човековиот говор, иако ни се најблиски роднини. Долго време се претпоставуваше дека овие примати едноставно ја немаат соодветната структура на устата за да можат да изговараат зборови. Нивните вокални тракти сигурно не се доволно флексибилни.
Тоа го пишува во учебниците. Но биологот Вилијам Тикумсех Шерман Фич III сакал да ја дознае вистината. Со тениран макаки мајмун по име Емилијано и апарат за рендгенски снимки, тој заедно со неговиот тим успеал да ги преслика флексибилноста и вокалните способности на устата на приматите. Потоа ја искористиле таа симулација за да го вокализираат веројатно најморничавото нешто што би можеле да го чуете од мајмун. Слушнете.
Пресликувањето, односно мапирањето на устата на овој мајмун докажува многу повеќе од способноста на мајмунот да зборува - доволно е слично на сите правилни начини на устите на другите примати што многу животни технички би биле способни да зборуваат. Па зошто ние сме единствените?
Одговорот е сумиран во една кратка реченица: Ако ги контролираше човечки мозок, тие ќе можеа да зборуваат.
Во основа, мозоците на макаките (и мачките и коњите и бафалоата) едноставно не се подготвени за да имаат контрола над усните, јазикот и гласните жици. Со други зборови, лошата вест е што вашето куче никогаш нема да научи да прави
муабет со вас.