X
 26.12.2021 Живот

Ова се единствените мајмуни што се капат во топли извори за да го намалат стресот

Луѓето сакаат спа-центри, капење во сауна, топли бањи, впрочем, има ли нешто подобро во студен ден?

Во Јапонија има група диви мајмуни кои исто така сакаат да се релаксираат капејќи се во топли извори. Туристите со децении се воодушевуваат на овие мајмуни, а неодамна научниците одлучија да откријат што се крие зад ова фасцинантно однесување на мајмуните.

Тие открија дека мајмуните не само што ги користат изворите за да се стоплат, туку и за намалување на нивото на хормонот на стрес во нивниот мозок.

Мајмуни што се капат е почеста глетка во Индија и во Кина, но само во Нагано мајмуните се капат во топла вода.

Други макаки мајмуни живеат посеверно од Нагано, така што е јасно дека видот е приспособен на студеното време и на капење во вода чија температура достигнува 60 Целзиусови степени.

majmun
Фото: Freepik

Околните хотели користат постудена вода за да ја спуштат температурата за да им биде пријатна на гостите, а во 1963 година една женка-мајмун била најдена како се релаксира во еден таков базен.

Иако научниците знаеле дека топлите извори се терапија за студот кај мајмуните, неодамнешните тестови имаат цел да утврдат дали има некој друг двигател на ова однесување.

Рафалеа Такешита од Универзитетот во Кјото вели дека поминала доста време гледајќи ги мајмуните како се релаксираат во топлите води.

- Признавам дека за време на моето истражување, и многу пати потоа, скокнав во еден од базените со топли извори - вели таа, додавајќи дека тоа било базен само за луѓе.


Извор: Good News Network
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот