X
 03.04.2023 Култура

Читателите на веб-страницата „Ранкер“ избраа: Ова се 10. најдобри серии за ФБИ

Светот е луд по новата серија „Ноќен агент“ која се прикажува на „Нетфликс“. За само неколку дена по објавувањето серијата се најде на врвот на „Нетфликс“, а на IMDb има рејтинг 7,7 врз основа на повеќе од 15.000 гласa од гледачите.

Серијата е базирана на истоимениот роман на Метју Кирк, а се работи за агент на ФБИ кој работи во подрумот на Белата куќа. Неговата задача е да управува со телефон кој никогаш не ѕвони - до моментот кога ќе заѕвони, ставајќи го во средина на заговор.

Поради големата популарност на оваа серија, веб-страницата „Ранкер“ спроведе анкета меѓу своите читатели прашувајќи ги која криминална серија за ФБИ најмногу им се допаѓа. Во продолжение ви ги претставуваме првите 10.

10. „Коски“ (англ. Bones)



Малкумина не слушнале за оваа серија. Секоја епизода се фокусира на случај на ФБИ кој вклучува пронајдени човечки останки што агентот Сили Бут му ги носи на форензичкиот антрополог д-р Темперанс Бренан.

9. „Досиејата икс“ (англ. The X-Files)



Главните ликови на серијата се агенти на ФБИ, Фокс Мулдер и Дејна Скали. Двајцата се задолжени за истражување на досиејата икс, нерешени случаи кои вклучуваат паранормални активности.

8. „Квантико“ (англ. Quantico)



Серијата со Пријанка Чопра и Џејк Меклафлин ги следи регрутите на ФБИ кои се обучуваат во базата Квантико и еден од нив е осомничен дека е терорист.

7. „Менталист“




„Менталист“ е серија создадена од Бруно Хелер, а главен лик е Патрик Џејн кој ги користи своите посебни вештини додека решава злосторства во истражното биро во Калифорнија заедно со ФБИ.

6. „Ловец на умови“ (англ. Mindhunter)




Серијата е базирана на книгата „Ловец на умови: Во елитната единица за сериски криминал на ФБИ“ од Џон Е. Даглас и Марк Олшејкер. Дејството е сместено во доцните 70-ти. Двајца агенти на ФБИ имаат задача да интервјуираат сериски убијци за да ги решат случаите.

5. ФБИ (англ. FBI)



Како што и покажува насловот, фокусот е на ФБИ во Њујорк. Агентот Меги Бел се издвојува меѓу колегите во посветеноста на својата работа. Заедно со други агенти, истражува големи случаи, вклучувајќи тероризам, организиран криминал и контраразузнавање.

4. „Криминалци во костуми“ (англ. White Collar)



Приказната го следи специјалниот ФБИ-агент Питер Брук и талентираниот измамник, крадец и фалсификатор Нил Кафри, кој му дава информации на Бурк.

3. „Мртва точка“ (англ. Blindspot)



Серијата се фокусира на мистериозна тетовирана жена која на Тајмс сквер во Њујорк е пронајдена гола во куфер. Жената не се сеќава на своето минато или нејзиниот идентитет. ФБИ открива дека нејзините тетоважи содржат индиции за криминални дела што мора да се решат.

2. „Криминални умови“ (Criminal Minds)




Оваа американска серија ја следи работата на Единицата за анализа на однесувањето на ФБИ. Серијата се разликува од другите серии затоа што повеќе се фокусира на криминалецот отколку на самиот криминал.

1. „Црната листа“ (англ. Тhe Blacklist)



Серијата го следи Рејмон Редингтон, поранешен офицер на американското поморско разузнавање кој стана криминалец и еден од најбараните бегалци на ФБИ. Тој му кажува на ФБИ дека има „црна листа“ на најопасните криминалци во светот и дека е подготвен да ги информира за нив во замена за имунитет од гонење. Исто така, тој бара да работи исклучиво со агентката Елизабет Кин, со која навидум нема никаква врска.

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура