Загаденоста со микропластика во светот е толку голема, што сега таа се акумулира во облаците и паѓа на земјата.
Грегори Ведрби, научник од американскиот Геолошки топографски институт, вршел анализи на дождовна вода на Карпестите Планини и нашол асортиман на микроскопски пластични влакна, што е алармантен знак за големината на современото загадување.
Ведрби го објавил неговото истражување во научен постер, каде што напишал дека коренските причини за акумулација на микропластиката во околината се непознати, како што е и целосниот степен на здравствените проблеми кои тие можат да ги предизвикаат кај луѓето и другите организми.
- Моите резултати се чисто случајни - истакнува тој.
Откритието посочува дека дури и ако сите почнат да го рециклираат целиот пластичен отпад, би поминало многу долго време пред да исчезне сета еколошка
штета.
- Мислам дека најважниот резултат кој можеме да го споделиме со американската публика е дека надвор има повеќе пластика отколку што може да се види. Таа е во дождот, во снегот, таа сега е дел од нашата животна средина - истакна Ведрби.
Фото: U.S. Geological Survey/Victor Tangermann