X
 28.03.2018 Технологија

Кина гради систем за дождови трипати поголем од Шпанија

kina
Фото: Pxhere

Кина планира да реализира голем проект за промена на временските услови за да обезбеди врнежи од дожд. Системот е создаден од мрежа на комори што произведуваат сребрен јодид, соединение со структура слична на мразот, што може да се користи во модификацијата на времето.

Откако ќе биде поставен, системот ќе има потенцијал да ги зголеми врнежите во регионот до 10 милијарди кубни метри годишно. Десетици илјади мали комори за согорување ќе бидат поставени преку Тибетското плато, во обид да се зголемат врнежите во област трипати поголема од Шпанија.

Ова е најголемиот проект за промена на времето што некоја нација воопшто се обидела да го спроведе. Системот се потпира на мали комори што согоруваат цврсто гориво што произведува сребрен јодид.

Додека ветерот дува на планината, честичките се зафатени во воздухот и формираат облаци со дожд. Системот е развиен од страна на кинеската државна корпорација за воздухопловна наука и технологија.

Коморите се дизајнирани од вселенските научници, а моменталниот дизајн е толку прецизен, што може да гори со месеци без одржување и да испушта само испарување и јаглероден диоксид, што овозможува да се користат дури и во еко-чувствителни области.

Системот прво бил развиен од страна на корпорацијата како дел од одбранбената програма на Кина. Наводно Кина, Америка и Русија развиле технологија за промена на времето за да го спречат непријателот во време на војна. Неодамна, корпорацијата потпишала договор со Универзитетот Цингуа и Кингаи за инсталирање на системот за модификација на времето во поголем обем.

Соработката ќе донесе поголемо знаење за коморите заедно со истражувањата спроведени од страна на универзитетот во 2016 година, кој истражува начини за спречување на индиските монсуни да се појават во регионот. Ако е успешен, системот ќе го зголеми снабдувањето со вода за 5 до 10 милијарди кубни метри годишно.

„Модифицирањето на времето во Тибет е критична иновација за решавање на проблемот со недостигот на вода во Кина. Тоа ќе биде важен придонес не само за развојот на Кина и светскиот приоритет, туку и за благосостојбата на целата човечка раса“, изјави Леи Фанлеј, претседател на воздухопловната корпорација.

Кина ја искористила технологијата за модификација на временските услови од различни причини, меѓу кои и промена на временските услови за време на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во 2008 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија