X
 16.08.2019 Живот

Над 3.000 Македонци ги испратиле своите имиња за мисијата „Марс 2020“

Вкупно 3,322 лица од државава досега ги дале своите имиња за да им бидат испратени на Марс со мисијата на НАСА, преку аплицирање на веб-страницата на американската вселенска агенција.

Мисијата ќе биде во 2020 година, а одобрените имиња ќе бидат вметнати во микрочип што ќе се монтира на роверот „Марс 2020“.

Лансирањето кон Црвената Планета ќе биде од космодромот во Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида меѓу 17 јули и 5 август идната година.

Апликации може да се испратат до 30 септември оваа година.

Од регионот, своите имиња ги испратиле 19.764 лица од Грција, 8.525 од Србија, 7.113 од Бугарија, 7.051 од БиХ, 6.181 од Хрватска, 4.388 од Албанија, 2.920 од Словенија и најмалку 850 од Црна Гора.

Најмногу имиња досега испратиле лица од Турција – 2.510.603.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот