Секој прави грешки во текот на животот, но тие некогаш може да бидат корисни. Од грешките учиме, поради нив растеме и стануваме подобра верзија од себеси.
Далај-лама во неколку реченици опишал кои се грешките што ги прават повеќето луѓе во текот на животот.
- Има една изрека на тибетскиот јазик која вели: „Трагедијата треба да се користи како извор на сила.“ Без оглед на видот на тешкотија, на тежината на болното искуство, ако изгубиме надеж, сме доживеале вистински бродолом.
Колку и да се силни животните бури, не губете надеж. Тешкотиите со кои се соочуваме веројатно сега ви предизвикуваат болка, несигурност, незадоволство, но ќе поминат. А вие ќе знаете дека сте успеале да завршите со оваа фаза, со тоа што сега сте посилни. Една од најголемите грешки што може да ги направите во животот е да изгубите надеж - изјавил далај-лама.
Втората грешка што ја прават луѓето, според далај-лама, е тоа што ја ставаат заработката пред здравјето.
- Човекот прво го жртвува своето здравје за да заработи пари. Потоа ги троши парите на обновување на здравјето. Истовремено, многу е загрижен за својата иднина, а никогаш не ужива во сегашноста.
На крајот, тој не живее ниту сега ниту во иднината. Живее како да нема да умре никогаш, а кога умира, се кае што не живеел.
Извор:
DDL
Насловна фотографија: Pixabay