X
 31.12.2017 Живот

Кои се најдобрите земји за живеење?

1
Фото:Thinkstock

ОН неодамна го објавија годишниот извештај за хуман развој што опфаќа податоци за тоа каде луѓето живеат најдолго, каде најздраво - со други зборови, станува збор за земји што се најпогодни за живеење.

Анализирајќи ги податоците од 200 земји, ОН направија листа врз основа на неколку категории, вклучувајќи ги финансиската ситуација, родовата рамноправност, образованието и животниот век.

Ова се најдобро рангираните земји:

12. Хонг Конг - висок просечен животен век (84 години).

11. Америка - висока просечна годишна заработка (53.245 долари).

10. Канада - земја со високо образовани луѓе (повеќе од половина од населението имаат диплома).

9. Исланд - висок просечен животен век (82,7 години).

8. Ирска - ниско ниво на криминал. Стапката на убиства е 1.1:100.000.

7. Холандија - најниска стапка на нееднаквост во висината на доходот (12,4 отсто).

6. Сингапур - просечниот животен век е 83 години.

5. Данска - разликата помеѓу платите што ги добиваат мажите и платите што ги добиваат жените е 7,8 отсто.

4. Германија - сите универзитети примаат странски студенти.

3. Швајцарија - висок просечен животен век (83 години) и низок ризик од заболување од маларија, ХИВ и туберкулоза.

2. Австралија - над 5 отсто од БДП се наменети за образованието.

1. Норвешка - земја со највисок животен стандард, просечен животен век и образование. Благодарение на одлично развиениот здравствен систем, Норвежаните живеат во просек 82 години.

Од вкупно 200 земји, Македонија се најде на 82. место.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот