X
 25.07.2017 Живот

Лекции што повеќето луѓе ги учат подоцна во животот

Искуството е она што го добиваме кога веќе не ни е потребно – колку е вистинита оваа изрека? Дали лекциите што ги добиваме низ животот се добредојдени во кое било време и кои се најважните што сепак ги учиме подоцна?

Перцепцијата е реалност – начинот на кој го разбирате светот директно влијае на вашите верувања и начинот на кој живеете. Перцепцијата може да креира хаос, но и разбирање; страв, но и љубопитство. Дали можеби повеќе ви одговара благосостојбата што ја нуди незнаењето? Вистината е дека луѓето секогаш сакаат повеќе. Општеството секогаш ги нагласувало образованието и учењето на она што не го разбираме.

Сѐ е привремено – вашите добри времиња се привремени, но и лошите исто така. Па кога сте среќни и успешни, бидете благодарни за тоа, а кога не сте, не очајувајте и знајте дека ќе помине. Животот е полн со пресврти, подеми и падови и многу изненадувања. Често забораваме дека не се работи за дестинацијата, туку за патувањето. Во сѐ има лекција и ние често го потценуваме она што го имаме. Важно е да се остане скромен и благодарен за радостите што ги носи животот.

Важноста да се биде присутен – Лао Цу рекол дека ако сте депресивни, живеете во минатото, ако сте вознемирени, во иднината, ако сте смирени, во сегашноста. Ние се стремиме да се грижиме за она што ќе дојде, или за нешто што се случило. Иако е од суштинско значење да се грижиме за иднината, треба да се осигурате дека не ви ја попречува сегашноста. Уживајте во моментите што ги имате. Грижата не е продуктивна. Живеењето во минатото исто така не е. Секако, има придобивки од тоа да размислете за своите постапки, но не и да ја трошите сета ваша енергија на нешта што поминале.

Правете го тоа што го сакате, сакајте го тоа што го правите
– вашата работа е огромен аспект во вашиот живот на кој се посветувате. Ако не сте среќни со вашата кариера, таа несреќа ќе дојде и во другите аспекти од вашиот живот. И додека ништо не е совршено, важно е да работите на себе и на позицијата за да ги постигнете целите. Инвестирајте во себе. Ова се однесува и на вашите хобија и навики. Успехот не е еден момент на триумф. Тоа е серија на моменти и избори кои ве носат до поголеми моменти.

За да се дојде до среќа, потребна е работа – најсреќни се луѓето што работат на себе. Да се биде среќен и да се биде несреќен се две страни на иста паричка и за двете треба работа. Затоа одберете во што сакате да вложите. Да се биде среќен значи дека во одреден момент сте ја зеле контролата во свои раце. Иако е тешко, треба да се трудите околу ова. Не споредувајте се со другите. Лесно е да се биде љубоморен, особено во време кога сите се фалат на социјалните мрежи. Но верувајте, таму сите го покажуваат најдоброто што им се случува. Често, и нашата перцепција за животот на другите е лажна. Затоа фокусирајте се на себе.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот