X
 16.08.2024 Технологија

Безос сака да гради кула висока 100 метри на Месечината

Компанијата „Ханиби Роботикс“, во сопственост на „Блу Ориџин“ на Џеф Безос, ги претставила своите планови за изградба на кула наречена „ЛУНАРСАБЕР“ на Месечината од 100 метри, која ќе биде повисока од Статуата на слободата и ќе служи за собирање и дистрибуција на сончевата енергија и одржување на комуникациска мрежа помеѓу астронаутите, возилата и базите.

Во основа е еден вид на електрична мрежа која содржи соларни панели и батерии, кои овозможуваат енергија и комуникација, а воедно е и еден вид светилник на Месечината. Компанијата се впуштила во овој проект, со знаење дека изградбата на човечка колонија на Месечината ќе бара одредена инфраструктура. Компании како „Нокиа“ помагаат да се воспостави 4Г мрежа за комуникации, а „Нортроп Груман“ развива концепт на лунарна железница за транспорт на астронаути, материјали и опрема.

Компанијата на Безос е избрана како дел од истата иницијатива за развој на нова инфраструктурна технологија, која ќе обезбеди енергија за човечки мисии и ќе може релативно лесно да се транспортира од Земјата во модули кои ќе се соберат во голема кула. Идејата не е да се стави само еден „ЛУНАРСАБЕР“ на Месечината, туку да се изгради во близина на сите бази, истражувачки области и „железничката“ мрежа на „Нортроп Груман“.

Кулите би можеле да генерираат енергија од две последователни недели сончева светлина, да ја складираат локално и да ја зачуваат во следните две недели темнина.


Компанијата направила два вида соларни панели. Едниот е „оригами мев“ кој се обвиткува околу столбот, обезбедувајќи покривање од 360 степени за да ја „фати“ сончевата светлина од кој било агол.

Друг распоредува големи едра и ја следи положбата на Сонцето на небото, за да ги задржи на оптимален агол. Поставен во близина на јужниот пол на Месечината, може да обезбеди пристап до речиси 95% од сончевата светлина во текот на целата година.

Понатаму, една од најлудите работи е безжичниот пренос на енергија. На пример, да речеме дека вашиот лунарен ровер снемува струја среде лунарна ноќ, со уште 8 дена до зори, блискиот „ЛУНАРСАБЕР“ би можел да насочи зрак на концентрирана сончева светлина кон своите соларни панели за да се наполни и лансира. Треба да се нагласи дека засега тоа е само концепт бидејќи НАСА допрва треба да ги врати астронаутите на Месечината, најверојатно во 2026 година, па дури потоа да размислува за изградба на база и поддршка на инфраструктурата.

Извор: m.vidi.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија