X
 29.01.2024 Наука

Земјотресите на Месечината траат по неколку часа

За разлика од Земјата, земјотресите на Месечината траат неколку часа и се многу поинтензивни, што сериозно ги загрозува идните мисии со екипаж.

Во текот на изминатите неколку милиони години обемот на Месечината се намалил за 45 метри. За време на ладењето, нејзината површина се збрчкала и се свиткала, а се формирале длабоки раседи, што би можело да ги загрози идните истражувачки мисии.

Месечината е подложна на чести земјотреси кои, за разлика од оние на Земјата, траат неколку часа, а се предизвикани од раседи кои се лизгаат едни покрај други. Овој вид сеизмичка активност може да предизвика голема штета на структурите и опремата инсталирани од НАСА, па дури и да предизвика опасни лизгања на земјиштето.

НАСА работи на мисија која треба да однесе екипаж на Месечината во следните години за да го испита водениот мраз на Месечината. Меѓутоа, мисија од овој тип може да биде крајно опасна поради земјотресите.

Извор: Green
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука