X
 16.08.2024 Живот

Прекрасно видео од метеор од „Персеиди“ над Охрид

Во раните утрински часови во вторникот, околу 1:03 часот по локално време, блескав метеор од метеорскиот дожд „Персеиди“ беше фатен на камера додека прелетуваше над Охридското Езеро. Системот на веб-камери инсталиран низ регионот на Охридското Езеро ја сними оваа драматична глетка.



- Видеото е неверојатно. На него гледаме 7 секунди од метеор што паѓа - вели фотографот Стојан Стојановски кој го создаде системот на веб-камери.

Метеорскиот дожд „Персеиди“ е видлив секоја година од средината на јули до крајот на август. Годинава, дождот го достигна врвот ноќта на 11 август и пред да се раздени на 12 август.

Метеорскиот дожд е предизвикан од тоа што Земјата минува низ делови од мраз и карпи оставени од кометата Свифт-Татл, која последен пат помина покрај Земјата во 1992 година.

Стојановски започнал со поставување на мрежата на веб-камери во 2018 година со помош на локални бизниси за промовирање на туризмот во регионот на Охридското Езеро. Тој се надева дека поставувањето камери ќе му овозможи нему  и на локалното охридско здружение за астрономија уште подобар поглед на ноќното небо.

Стојановски ја направи и оваа неверојатна фотографија од „Персеидите“ и Охридското Езеро, а на неа можат да се забележат и пожарите што беснеат наоколу.

1

Извор: Space.com
Фото: Stojanovski
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот