НАСА го нарекува „најдобар метеорски дожд во годината“, а фотографите со нетрпение го очекуваат. Метеорскиот дожд „Персеиди“ се појавува секоја година во август.
Оваа година може да се видат метеори до 24 август. Метеорите ќе може да се видат насекаде на северната хемисфера и без помошни уреди.
Фото: Pixabay
Метеорскиот дожд „Персеиди“ се појавува секоја година кога Земјата поминува низ облаци од честички прав оставени од кометата Свифт-Татл. Карпи што останале од кометата горат во атмосферата на Земјата, па може да се видат како ѕвезди што паѓаат.
Годинава најмногу метеори ќе може да се видат на 11, 12 и 13 август, кога ќе може да се видат и до 100 метеори, во зависност од локацијата. Овие метеори се посветли од другите метеорски дождови, па може да се видат и доколку сте во град.
Извор:
My Modern Met