Eдна година откако побара предлози за филантропија, основачот на „Амазон“, Џеф Безос, ги откри неговите први проекти - ќе создаде мрежа на непрофитни училишта што ќе бидат бесплатни и ќе бидат сместени во заедници со ниски примања.
Безос планира и да финансира постоечки непрофитабилни организации за да им помогне на бездомните семејства давајќи им пристап до домови и храна. И двете иницијативи ќе бидат оценети од фондот наречен „Безос Уан Деј“, што ќе располага со 2 милијарда долари.
Секоја од иницијативите ќе има специфична група зад себе: фондот „Деј 1 Фемилис“ и фондо „Деј 1 Академис“. Првиот фонд ќе издава грантови на годишно ниво до организации што прават некаква разлика. Вториот фонд ќе биде задолжен за лансирање и оперирање на мрежа на училишта. Безос вели дека училиштата ќе бидат од висок квалитет, инспирирани од Монтесори што нудат целосна стипендија на сите ученици.
Безос вели дека сака директно да ја контролира операцијата на училиштата за да можат да бидат управувани како „Амазон“ и да ги усвојат принципите на „Амазон“.
-Детето ќе биде клиентот - вели Безос.
Иницијативата беше објавена на „Твитер“.
Безос не кажа кога ќе започне