X
 17.04.2017 Образование

Ниче за тоа како да се пронајдете себе и вистинските вредности на образованието

Фридрих Ниче верувал дека прифаќањето на тешкотиите е од суштинско значење за исполнување на животот, сметајќи дека самоспознавањето е еден од најважните егзистенцијални проблеми.


Фото: Wikipedia

Тој апострофирал како ние себе си се пронаоѓаме и како ги изнесуваме сопствените таленти во својот есеј со наслов „Шопенхауер како воспитувач“:

„Секое човечко суштество кое не сака да биде дел од масата треба само да престане себе си да си ги олеснува работите. Само нека ја прати својата свест, која му вели: Биди тоа што си! Сѐ што сега правиш, мислиш, сакаш, сето тоа не си ти.“

Ниче понатаму тврди:

„Секоја млада душа го слуша овој повик денови и ноќи и се ежи со возбудливи претчувства од тој степен на среќа кои вечноста ги припремила за оние кои размислуваат за сопствено вистинско ослободување. Не постои начин да се помогне на било која душа да ја постигне оваа среќа, сѐ додека е окована со ланците на јавното мислење и страв.

А како безнадежен и бесмислен животот може да стане таков без ослободување. Не постои потажно суштество во природата од човекот кој го избегнува сопствениот гениј, потпирајќи се ту лево ту десно кон назад, па и во било кој правец.“

Ниче смета дека единствен противотров на оваа егзистенцијална меланхолија е следниот:

„Никој не може да изгради мостови на кои ти и само ти ќе ја минуваш реката на животот. Можеби постојат безброј стази, мостови и полубогови кои би те пренеле преку нив; но само по цена на заложување и откажување од себе. Постои една стаза која никој на светот не може да ја помине освен тебе. Каде те води таа? Не прашувај, тргни!“

Патот на кој се запознаваш себе си не е лесен:

„Како човек може да се познава себе си? Тоа се мрачни таинствени работи: ако зајакот има седум кожи, човекот има седумдесет по седум, без можност да ги скине и да каже сега си ова навистина ти; тоа веќе не е твојата надворешност. Тоа е мачен, опасен потфат да се проникне во себе, да се спушти одлучно и директно во тунелите на своето битие. Лесно со тоа на себе си да си нанесите повреди кои ниту еден доктор не може да ги излечи.

Освен тоа, зошто би требало да е неопходно со оглед на тоа дека се сведочи на нашето постоење – нашите пријателства и непријателства, погледите и ракувањата, чувствата и сите што сме ги заборавиле, нашите книги и пенкала.

За најважната потрага сепак постои метод. Некоја млада душа го разгледува сопствениот живот со поглед на следново прашање: Што си сакал до сега навистина? Што се случило кога твојата душа се воздигнала, што доминирало со тебе и истовремено те радувало? Подреди ги пред себе овие ценети нешта и можеби ќе ти откријат закон на нивната природа: основниот закон на твоето вистинско јас.

Спореди ги овие работи, гледај како се дополнуваат, преувеличуваат, надминуваат, преобразуваа една со друга; твоето вистинско јас не лежи закопано злабоко во тебе, пред тоа е воздигнато неизмерно над тебе или барем над она што обично избегнуваш да бидеш, а што си.“
Не сметал дека вистинската улога на образованието е да се пронајде вистинското јас:

„Твоите вистински воспитувачи и ментори ќе ти откријат оригинална смисла и основна структура на твоето битие, нешто што не е на крај подложно на образование или воспитување од другите, но на кое секогаш е тешко да му се пристапи, нешто важно и неподвижно; твоите воспитувачи не можат да одат понатаму и да бидат твои ослободувачи.

И тоа е тајна на вистинската култура: таа нам ни се прикажува со вештачки ектремитети, носеви од восок – за да ни остави измамничка слика за образованието за такви подароци. Таа ослободува, го вади плевелот, ги отстранува камењата, ги растерува штетниците кои би го нагризале нежниот корен на билката; таа е излив од светлина и топлина, нежно капење ноќен дожд...“

Тој заклучува:

„Можеби постојат начини за пронаоѓање на себе, будејќи се од анестезијата во која обично сме скриени како да сме во мрачен облак – но јас не знам за подобар од оној кој го рефлектираат воспитувачите и менторите.“
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование