X
 16.09.2021 Наука

Непознато тело удрило во Јупитер

Астрономи кои го набљудувале Јупитер во понеделникот сведочеле на неочекуван настан - големо непознато тело удрило во планетата.

Во времето на ударот астрономите и аматерите гледале како сенката на една од месечините на Јупитер поминувала покрај планетата, а одеднаш забележале светла топка, објаснил астрофотографот Харалд Пелески. Настанот го фотографирале и други астрономи низ светот.



Останува мистерија што удрило во Јупитер, но се претпоставува дека телото е дел од астероид или цел астероид. Астрономите сега ги следат промените на површината на планетата за да ја потврдат хипотезата.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука