X
 24.08.2017 Технологија

Илон Маск го прикажа вселенскиот костим на иднината

Илон Маск, основач и сопственик на компаниите „Спејс екс“ и „Тесла моторс“, ја објави првата фотографија од вселенскиот костим, а повеќе детали ќе бидат познати во текот на наредните денови.

фото извор: Instagram

Маск истакнал дека неговиот вселенски костим функционира и дека е конструиран така што двојно ќе го зголеми вакуумскиот притисок.

Костимот е бел со одредени црни делови и многу потсетува на костимите што сме имале можност да ги видиме во научнофантастичните филмови. Маск истакнал дека било многу тешко да се избалансира изгледот на костимот со неговата функција.

Костимот ќе го носат астронаутите што ќе се возат во вселенското летало „Драгон капсула“. Костимот е под притисок и е наменет за астронаутите да го преживеат летот во вселената доколку капсулата изгуби притисок.

Астронаутите на НАСА ќе го носат овој костим кога „Спејс екс“ ќе започне со комерцијално лансирање на луѓе во вселената, односно до Меѓународната вселенска станица.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија