X
 26.09.2020 Наука

Првата фотографирана црна дупка трепери и ротира

Во април 2019 година научниците ја направија првата фотографија од супермасивна црна дупка - нешто што не би требало да се гледа. На фотографијата има нешто што наликува на златен прстен кој се наоѓа во средината на елиптичната галаксија наречена Месиер 87.

Ново истражување покажува дека кога ќе споите повеќе од фотографиите од црната дупка, може да се следи нејзиното движење и изгледа дека таа трепери. Поточно, таа ротира.


Фото: mit.edu

Масиек Велгус, главниот автор и радиоастроном на Универзитетот „Харвард“, објаснува дека прстенот трепери бидејќи протокот на материјата што паѓа во црната дупка е турбулентен. Астрономите добиле подетални податоци за природата на црната дупка користејќи архивски податоци направени во текот на последната деценија. Тие заклучиле дека ориентацијата на прстенот не е постојана.

Томас Крихбаум, астроном и еден од авторите на истражувањето, изјавил дека анализата на движењето на црната дупка е важна бидејќи дава прв поглед на динамичката структура на брзината со која црната дупка го вовлекува материјалот околу себе.

Автор. Стеф Панекасио
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука