X
 16.09.2026 Живот

Вештачката интелигенција генерира лек кој би можел да помогне во забавувањето на стареењето

Лек генериран од вештачка интелигенција покажа рани знаци на потенцијално забавување на стареењето, според студијата објавена во списанието „Нејчер бајотекнолоџи“. Станува збор за рентосертиб, лек на компанијата „Инсилико медисин“, која се занимава со откривање и развој на лекови со помош на вештачка интелигенција.

Од самиот почеток во „Инсилико“ тврдеа дека го создале рентосертиб со цел лекување на пациенти кои боледуваат од хронични белодробни болести и продолжување на нивниот животен век. Компанијата покажа како нејзиниот лек успеал да намали некои од биолошките маркери на староста, мерени со часовници на старењето, кај мал број пациенти.

Часовниците на стареењето се мерка во која фаза од животот се наоѓа лицето во својот живот, метрика која се користи за мерење на морбидитетот и морталитетот на лицето. Многу од овие часовници се развиени со вештачка интелигенција за да користат податоци од многу мерења - биомаркери во крвта, физиолошки метрики, психолошки процени и друго - и да ја прикажуваат биолошката „возраст“ која го одразува целокупното здравје на лицето.

Кај 42 учесници во студијата „Инсилико“ откри дека лекот успеал да ја намали нивната биолошка возраст во текот на 12-неделното испитување, додека кај оние што примиле плацебо или не примиле никаков третман возраста им се зголемила или останала иста. Компанијата користела шест различни таканаречени часовници на стареењето и забележала доволно поместувања на сите шест за заклучок дека лекот може да ги модулира комплементарните димензии на биолошкото стареење.

Колку се корисни часовниците на стареењето?

Тоа е предмет на расправа. Постојат неколку варијации на овие часовници и сите користат различни пристапи. Најраните верзии, развиени пред повеќе од една деценија, ја следат метилацијата, која ги набљудува хемиските промени во ДНК. Поновите модели се фокусираат на протеомиката или мерењето на протеините во крвта, за кои студија од 2024 година откри дека би можеле да се користат за утврдување дали лицето има поголем ризик од болести поврзани со стареењето.

Иако некои истражувачи веруваат дека овие сеопфатни мерења би можеле да бидат корисни, се чини дека ги чека долг пат пред да станат навистина значајни маркери. Научниците се обидоа да ја придвижат областа и да ја подобрат точноста за да можат да се користат таквите алатки за истражувачки цели, но и понатаму не постои мерење кое служи како универзално прифатен показател за стареењето.

Некои лекари предупредуваат дека потпирањето на овие метрики би можело да доведе до погрешни интервенции, барање начини за забавување на показателите за стареење на начин кој всушност му штети на телесниот одговор на обновата. Покрај тоа, рентосертиб сè уште е далеку не само од спречување на стареењето, туку и од регулаторно одобрение.

Извор: mreza
Фото: 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот