X
 22.12.2015 Здравје

Сирупот за деца Ефералган е повлечен од продажба

sirup

 

Некои од сериите на сирупот за намалување на температурата кај децата, Ефералган од 90 мл, беше повлечен од продажба во сите аптеки во Србија.


Ова го потврдија и дистрибутерите на сирупот кој го доставуваат лекот во Србија, поради откриени полиуретански четички во опремата за пакување. Ова е објавено на страната на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија. Лекот бил повлечен како мерка на претпазливост, на барање на производителот, откако фабриката забележала неправилности во пакувањето, иако не се пријавени несакани дејствија кај децата кои досега го користеле лекот.

Од продажба се повлечени сериите на лековите кои имаат траење до октомври 2018 година и тоа П-1447, П-2581, П-4737, П-6077, П-8419, П-9468, Р-1794, Р-1767, Р-2228, Р-2686, Р-3180. Тие се надвор од употреба и повлечени од сите аптеки во Србија поради несоодветна состојка во истите, такашто сите што го имате сирупот доколку е со број на серија како горенаведените пожелно е да не се користи.

„Производителот ги извести носителите на лиценци во Србија дека производот треба да се повлече, а потоа, ја информира Агенцијата за лекови. Истото е направено во Црна Гора“, потенцираат од оваа агенција.

„Мислам дека би било во ред произведувачите на родителите кои го купиле лекот да им ги вратат парите или пак да направат некој систем „старо за ново“. Нема место за паника и причини за грижење бидејќи воопшто не се забележани несаканите ефекти кај децата при употребата на лекот. Доколку родителите забележат дека детето има проблеми, веднаш да се упатат на педијатар“, велат од веб страната „Бебац“, кадешто првично била објавена информацијата за повлекувањето на лекот од аптеките.

Спорниот сируп се купува во аптеките без рецепт, а наменет е за намалување на температурата и смирување на благите и умерени болки кај децата кои имаат од 4 до 32 килограми. Несаканите ефекти може да се црвенило, алергиски реакции, замор.

Во Македонија се`уште нема официјална потврда за повлекувањето на сирупот од аптеките.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје